Групата на мајки на породилно отсуство поттикнати од изјавата на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, дека предлог одлуката на Комисијата за заразни болести за продолжување на породлното отсуство до 31 декември треба да се разгледа, распишаа петиција за продолжување на породилното отсуство.
Во петицијата се вели:
„Бараме да се продолжи породилното отсуство до крај на 2020 година за сите родилки на кои им истекува пред тоа. Со оглед на големиот број прашалници во однос на ситуацијата со Ковид – 19 вирусот на есен, а во однос на заштита на нашите најмали и најранливи, бараме да се донесе ваква мерка.“
За само неколку часа петицијата е потпишана од скоро 3000 лица. Петицијата може да ја потпишете ТУКА.
А.Н.