среда, декември 18, 2024
домаСпортОстанати спортовиМајкл Џордан основаше НАСКАР тим

Мајкл Џордан основаше НАСКАР тим

Кошаркарскиот великан Џордан и легендата на американскиот моторспорт Дени Хамлин формираа нов тим што ќе се натпреварува во НАСКАР Куп серијата со еден болид управуван од Буба Валас.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и сегашен сопственик на НБА тимот „Шарлот Хорнетс“, ќе биде мнозински сопственик на НАСКАР тимот управуван од 26-годишниот млад човек од Мобил во Алабама.

Валас, единствениот афро-американски возач на највисоко ниво во НАСКАР, се најде во центарот на вниманието оваа година кога во гаражата на неговиот тим беше пронајдена јамка, што се карактеризираше како расистичка закана.

Сепак, ФБИ по истрагата објави дека јамката можеби била во гаражата од октомври минатата година и дека Валас не бил мета на злосторства од омраза, додека НАСКАР објави дека јамката била користена за спуштање на вратата од гаражата.

„Историски гледано, НАСКАР се бореше со различностите и имаше малку сопственици на Афроамериканци“, рече Џордан во изјавата. “Времето се чинеше совршено бидејќи НАСКАР сè повеќе се развива и ги прифаќа социјалните промени. Јас ова го гледам како можност да едуцирам нова публика и да отворам повеќе можности за Афроамериканците на ова натпреварување”, додаде тој.

Хамлин, кој оствари 43 победи во НАСКАР серијата во својата кариера и сè уште се натпреварува, откри дека одлуката за возачот била лесна.

“Мораше да биде Буба Валас. Неговиот голем напредок се забележува уште од времето кога беше дел од купот”, рече Хамлин, пофалувајќи го активизмот на Валас, “бидејќи тој е моќен глас за промена во нашиот спорт и нашата земја”.

Името, производителот и бројот на автомобили, спонзори и други детали за новиот тим што ќе се трка во сезоната 2021, ќе биде објавен подоцна.

Валас не го криеше својот ентузијазам за овој проект.

„Ова е единствена можност, еднаш во животот, за која верувам дека совршено ми одговара во овој момент од мојата кариера“, додаде тој.

Буба Валас активно се вклучи во движењето против полициското насилство и за рамноправноста на Афроамериканците, а по неговиот притисок, раководството на НАСКАР забрани знамиња на Конфедерацијата во јуни, што многу Американци ги сметаат за симбол на расизам.

“Никој не треба да се чувствува грдо или лошо кога ќе дојде на трка во НАСКАР. Сè започнува со знамињата. Тргнете ги еднаш, тие не припаѓаат тука”, рече Валас, кој го освои второто место на трката Дејтона 500 во 2018 година, а годинава беше меѓу првите десет на пет трки. Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ