Македонската ракометна репрезентација вечерва стартува со натпреварите на Светското првенство во Египет, во дуелот против Шведска, од 20:30 часот. Ова е втор натпревар од првото коло во група Г. Синоќа домаќините славеа против екипата на Чиле.
Репрезентативците на Данило Брестовац, како прва резерва, во последен момент, добија можност да настапат на Светското ракометно првенство бидејќи корона вирусот ги спречи Чесите да настапат.
Македонската репрезентација после 22 се враќа во Египет, каде беше дел од Светското првенство во 1999 година. А.Р.