Сите три поштенски оператори во Босна и Херцеговина, поради појавата на корона вирусот , целосно ги суспендираа сите редовни поштенски пратки за Кина, освен експресна испорака преку ДХЛ, додека испораката до клиенти во БиХ од областа Вухан е прекината, а се очекуваат одложувања и за од други региони.
Како што беше соопштено од страна на Хрватската пошта во Мостар, суспендиран е приемот на сите видови редовни пратки извршени од поштенски оператори од БиХ, Хрватски пошти од Мостар, Пошта на БиХ и Пошта на Република Српска, наменети за дестинација на Народна Република Кина.
– Причината е привремено прекинување на летовите на повеќето странски авиокомпании кон НР Кина со цел да се спречи ширењето на корона вирусите – рече „Хрватски пошта“ во Мост
Слични активноти преземаа и поштите на Хрватска и на Србија.
За разлика од нив Македонски пошти без рестриктивни мерки за пратките од Кина. Имено, Моника Николовска Гајдов, службено лице за посредување со информации од јавен карактер во Македонски пошти, во изјава за ТЕХТ.МК вели:
„Во изминатиот период не е забележана тенденција на намалување на пристигнати пратки од Али експрес и според вообичената динамика се доставуваат и се подигнувааат пратките од страна на нашите корисници. Од надлежното Министерство за здравство немаме добиено информација за понатамошно постапување заради корона вирусот.“