домаМакедонскиот камерен состав трио „АУРА” вечерва ќе одржи концерт во Србија

Македонскиот камерен состав трио „АУРА” вечерва ќе одржи концерт во Србија

Македонскиот камерен состав трио „АУРА” денеска во Србија ќе настапи на 21-от интернационален музички фестивал “Мај месец музике”. Триото ќе се претстави со делата од Морлачи, Доницети, Пиацола и Коетсиер, а концертот ќе се одржи во Концертната сала на музичкото училиште, во 19:00 часот.

„Аура” го сочинуваат тројца македонски музички уметници – флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Тројцата работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки.

Триото „АУРА” има долгогодишна и богата концертна активност, изведувајќи дела од сите музички епохи и стилови. Често промовираат премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав. Нивното заедничко камерно музицирање го карактеризира изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ