Британецот Енди Мареј смета дека е тешко да се предвиди кога ќе продолжи сезоната, но истакна дека тенисот ќе биде последниот спорт што ќе се врати во својот вообичаен облик.
Сезоната е официјално прекината до 13 јули.
“Да претпоставиме дека работите ќе се подобрат во Европа во септември и организаторите ќе бидат подготвени да го одржат Ролан Гарос. Во исто време, во Јужна Африка епидемијата може да продолжи и француските власти нема да прифатат авиони од тоа подрачје. И што ќе добиеме? Турнирот ќе изгуби многу играчите кои во тоа време биле во Јужна Африка“, вели Мареј, додавајќи: „Сето ова сугерира дека тенисот ќе биде последниот спорт што ќе се врати на својот вообичаен изглед и распоред.“ А.Н.