среда, декември 18, 2024
домаСпортОстанати спортовиМарија Шарапова се вери

Марија Шарапова се вери

Избраникот е поранешен сопруг на најдобрата пријателка на Меган Маркл

Поранешната тениска ѕвезда Марија Шарапова се вери со британскиот дилер на уметности, Александар Гилкс – поранешниот сопруг на најдобрата пријателка на Меган Маркл, Миша Нону.

Гилкс, чие богатство се проценува на повеќе од 20 милиони долари, и Шарапова ја споделија веста за нивната веридба на социјалните мрежи.

„Ти благодарам што ме направи многу, многу среќно момче! Сакам да те сакам цел живот и да учам од тебе “, напиша Гилкс на Инстаграм.

Шарапова додаде: „Реков „ да “ од првиот ден кога се сретнавме. Тоа беше нашата мала тајна“.

Гилкс пораснал во Англија, учел на колеџот Итон со принцовите Вилијам и Хари и е близок пријател со принцезата Ежени и Пипа Мидлтон.

Тој се разведе со Нону во 2016 година, четири години по нивната екстравагантна венецијанска венчавка, на која беа собрани ѕвездени гости, вклучително и членови на кралското семејство.

Шарапова се повлече од тенисот претходно оваа година по извонредната кариера во која беа вклучени пет грен слем титули во сингл. Таа го освои Вимблдон во 2004 година, кога имаше само 17 години. Потоа триумфираше во сите други големи натпреварувања, Отвореното првенство на Франција – двапати – во 2012 и 2014 година.

Меѓу мажите на нејзиното срце во минатото се наоѓаат фронтменот на „Марун 5“, Адам Левин, НБА свездата со српско потекло, Саша Вујачиќ и бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ