Поминаа три и пол месеци од фаталниот 26 јануари, кога хеликоптерската несреќа ja натера цивилизацијата да плаче. Имено, тој ден, поради слабата видливост, се случи трагедија во која девет лица го загубија животот, меѓу кои кошаркарскиот виртуоз Коби Брајант (42), неговата ќерка Џана (14), бејзбол тренерот Џон Алтобели (56), неговата сопруга Кери (46), ќерката Алис (14), Сара Честер (45), и нејзината ќерка Пејтон (13) и тренерот Кристина Мосер (38), како и пилотот Ара Зобајан (50).
Тие патувале на кошаркарска натпревар кога се урна хеликоптерот.
Причината за смртта е „тапа траума“, а деталите се толку ужасни што американските медиуми беа шокирани, а од почит кон нивните семејства, не беа објавени детали.
Документот од 180 страници, меѓу другото, наведува дека пилотот не бил под дејство на алкохол или дрога. Компанијата за која управувал немала дозвола за летање, но можела да лета само во услови на добра видливост, поголема од 300 метри.
– Коби Брајант имал повреди низ целото тело по што брзо, ако не и веднаш починал – се наведува во извештајот за смртта на легендарниот кошаркар на Лејкерси.
Инспекторите пронашле и маичка без ракави со број 2 и името Брајант на задниот дел на неговата ќерка Џана, додека на предната страна, веднаш до бројот 2, било напишано „Мамба“ – името на кошаркарската академија за кое играше Џана и која ја водеше Коби.
Причините за смртната несреќа сè уште се утврдуваат, како и одговорните за трагедијата што го претворија целиот спортски свет црн.
Н.С.