Денес, 15 декември 2017, во Холидеј ин се одржува Иновативен камп на кој учествуваат 140 деца од 28 средни училишта од земјава. Поделени во групи од по 6 ученици изработуваат свои бизнис планови, како до профит и заработка. Импресивно е што најголем дел од нив се одлучија за изработка на батерии од соларна енергија. Некои постојат, а некои се само како замисла на која во иднина треба да работаат научници.
Нивните презентации ќе бидат во форма на три минутни пауер поинт презентации, а прогласувањето на најдобрите ќе биде вечер во 19 часот. Ваквите кампови одамна се организираат во светот, овој пат за прв пат кај нас, помогнато од УСАИД во Македонија.