недела, декември 22, 2024
домаЖивотЖивотна срединаМногумина живеат без љубов, но никој без вода!!!

Многумина живеат без љубов, но никој без вода!!!

Над 884 милиони луѓе во светот живеат без чиста вода, додека Македонија е високо на листата со правичен пристап до вода и санитација, односно над 90 отсто од населението има пристап до питка вода. Во светот, во глобала високата бројка на луѓе кои ја немаат привилегијатa да пијат вода од чешма, тоа би изгледало вака: 1 на секои 10 луѓе на површината на планетата или двапати од населението во САД или цела Европа.

Пишува:Наташа Доковска

Мотото на кампањата на НВО – Новинари за човекови права, „Многумина живеат без љубов, но никој без вода!!!“ го наметнува прашањето за важноста на водата за опстанокот на планетата. А, токму таа, важноста може да се насети  и од често пати слушнатата фраза дека ако првите две светски војни биле за освојување на територии, дека евентуална третата светска војна би била за вода.

Во таа насока и Милениумските цели кои им беа преходница на Целите за одржлив развој ја утврдија потребата од чиста вода како клучен проблем за искоренување на сиромаштијата. Милениумската декларација на Обединетите нации, по Милениумскиот Самит гласеше дека  треба до 2015 година да “се преполови процентот на луѓе кои не можат да стигнат или да си дозволат безбедна вода за пиење”. Сега во Целите за одржлив развој, целта 6 која се однесеува до чиста вода и санитација бара до 2030 да има правичен пристап на секој граѓанин на планетава земја!

Но, колку е тоа можно ако се знае разликата меѓу континентите, па дури и меѓу одредени држави во еден ист континент.  Обединетите нации сметаат дека недостигот на вода е една од најштетните појави и ги доосакатува кризите напаѓајќи ги стопанските економии и заедниците.

Над 884 милиони луѓе во светот живеат без чиста вода, додека Македонија е високо на листата со правичен пристап до вода и санитација, односно над 90 отсто од населението има пристап до питка вода. Во светот, во глобала високата бројка на луѓе кои ја немаат  привилегијатa да пијат вода од чешма, тоа би изгледало вака: 1 на секои 10 луѓе на површината на планетата или двапати од населението во САД или цела Европа.

 

Како што годините поминуваат и пренаселеноста станува се поголем проблем, експертите тврдат дека се потешко може да се реши проблемот со недостиг на вода. Мора да се признае дека недостатокот на вода е суровата реалност.

water map

До почетокот на 2018 година, околу 1,1 милијарда луѓе ширум светот немаа пристап до било каков вид на вода, а вкупно 2,7 милијарди ќе се соочат со недостиг на вода во наредниот месец. 2,4 милијарди ќе имаат несоодветни водни ресурси и ќе мора да се справат со серија на ризици опасни по живот. Огромното мнозинство од светската популација редовно ќе се соочува  со епидемии на тифус, колера, маларија, зика и десетици други болести и паразити што се пренесуваат преку вода.

Само колку за потсетување во 2014 година, два милиона луѓе починаа од дијареални вируси и  компликации. Од овие бројки, 43 проценти биле деца, на возраст под пет години. Експертите пресметале дека пристапот до основните санитарни услови и до чиста достапна вода може да спасат повеќе од 17.000 луѓе неделно.

Најголем дел од луѓето погодени од овој проблем живеат во пусти, изолирани, сушни региони. Најчесто се рурални области во кои има одредени политички предизвици или воени конфликти. Во многу случаи, водата, а не нафтата, е најскапоцената стока за овие обесправени граѓани, со команданти и локални мафии кои го користат ресурсот како средство за моќ и политички притисок.

Пристапот до чиста вода е од огромно значење. Има милиони луѓе кои ги ризикуваат своите животи и трошат часови само за чист галон вода. Децата остануваат без образование, нивна единствена задача е да одат по десетици милји дневно и да донесат дома вода. Во суштина, заедницата без одржлив извор на чиста вода е предодредена на исчезнување. Чистата вода значи економски раст, образование, подобри приходи и здрави населби.

Според експертите до 2025 година, две третини од светското население може да се соочи со недостаток на вода. Иако површината на нашата планета е главно покриена со вода и тоа со повеќе од 73 проценти, само 3 проценти е питка. И, за жал само 1/3 од тој мал број е достапен за луѓето. Наоѓањето извори на свежа вода е ретка работа.

Пренаселеноста и потрошувачката предизвикаа напнатост на веќе осиромашениот екосистем. Многу системи за вода, како езера, реки и водоносни слоеви, пресушуваат или, поради човековата активност стануваат премногу загадени за употреба. Земјоделството троши големи количества на вода, повеќе од било која друга индустрија. Овие скапоцени ресурси се трошат на неефикасен начин. Освен тоа, во сиромашните региони, како што е Африка (каде што илјадници умираат поради немање пристап до чиста вода) или во Пакистан (каде се тврди дека недостаток на вода има 1/3 од населението), различен сет на проблеми го напаѓа регионот, т.н. економски недостаток на вода.

Економски недостаток на вода

Со цел да ја разбереме кризата со вода, треба да го разбереме концептот на економскиот недостиг на вода. Недостатокот на економска вода е термин кој почна да има широка примена во средината на 2007 година. Таа беше дефинирана по прилично долго истражуавање, како услов предизвикан од недостатокот на инвестиции во инфраструктурата за вода. Овој концепт првпат стапи во сила откако истражувачите и креаторите на политиката, под надзор на Меѓународниот институт за управување со водите во Шри Ланка, спроведоа студија за да се утврди одржливоста на одржувањето на животот на Земјата со растечкиот проблем на населението 50 година наназад. Нивните откритија беа разочарувачки.

water

Една од основните карактеристики на економскиот недостиг на вода е способноста на регионот, како технолошки, така и човечки, да ги задоволи потребите на областа за вода за пиење. Тоа е критична и типична манифестација на неразвиените земји. Главните аспекти на економскиот недостиг на вода се недостаток на инфраструктура и лоши санитарни политики. Населението нема друг избор освен да се потпира на реките и езерата за хидратација.

Голем дел од водата се користи за земјоделство и домашни работи. Доказите покажуваат дека во многу случаи водата се “рециклира” за различни намени. Капењето, миењето, добитокот, чистењето и водата за готвење не доаѓаат само од истиот извор, туку честопати се користи истата вода.

Големи делови од светот, особено во Африка, страдаат од недостиг од економска вода. Развивањето на вистинска инфраструктура ќе ја намали линијата на сиромаштија.

Терористичките групи и локалните команданти го користат сопственото богатство и ресурси за да ја создадат неопходната инфраструктура, главната забелешка е тоа што тие го контролираат водоводот и го користат за свои цели – главно регрутирање.

Развојот на инфраструктурата во овие области не само што бара финансирање, туку и целосен ремонт на социо-политичките доктрини.

water and gender

Родов акционен план за справување со климатските промени

На последниот самит на ОН за климатски промени за прв пат во неговата историја, а под притисок на женските невладини организации се донесе првиот Родов акционен план за справување со климатските промени, во кој во посебна точка се третира недостатокот на водата од родов аспект. Една од причините е тоа што жената е прва на удар поради немањето соодветен пристап до вода и санитација. Во Африка, жените поминуваат половина од својот ден во пешачење и влечење вода. Истото важи и за делови од Индија и Латинска Америка. Се проценува дека во најоддалечените делови на Африка, женската популација троши вкупно 40 милијарди часа годишно одење по вода.

Повеќето семејства трошат многу од нивните работни часови да се занимаваат со проблемите што произлегуваат од недостигот на вода. Пристапот до чиста вода им дава на семејствата време да одат на училиште и да заработуваат соодветен приход, помагајќи им да се борат против сиромаштијата. Жените се главно одговорни за собирање на вода во овие области. Во Суб-Сахарска Африка, 72% од собраната вода доаѓа од дневната активност на жените да одат до бунарите и да ја носат водата дома.

Потребна е огромна количина на вода за одгледување на култури, одржување на добиток и на крајот да се нахрани семејството. Помалку вода значи зголемување на ендемична и локализирана глад.

Помалку вода значи помалку проток на отпадни води и повеќе стагнација на вода. Овие базени, особено во тропските и суптропските средини, често стануваат брза основа за размножување на инсекти и паразити. Еден од најраспространетите и распространети инсекти е комарецот, познат носител на Вирус на Западен Нил, маларија, Зика и други инфекции.

Економиите кои, поради нивните природни пејзажи, лесно може да го зголемат својот бруто приход и националното богатство преку туризмот, но немаат друг избор освен да го затворат местото на приходите. Хотели, ресторани, шопинг и други атракции веќе не се во можност да одржат соодветно ниво на санитација за посетителите.

Земји со висок степен на недостиг на вода

Речиси и да нема земја во светот која што нема проблем со недостиг на вода на еден или друг начин. На пример, САД, нација која има на претек питка вода, е засегната со голема криза со вода. Калифорнија, на пример, треба да ги намали испораките на вода во одредени области. Централниот воден дистрикт во Јужна Калифорнија ќе испорача 15% помалку вода за поголема област во Лос Анџелес, почнувајќи од јули 2018 година.

Сепак, САД и другите високо развиени земји имаат предности со растечка и суверена економија и може лесно да се адаптираат инвестирајќи во инфраструктурата. Останатите земји не се толку среќни. Три  земји кои стојат на работ на колапс поврзани со вода се Јемен, Либија и Јордан.

Според Јунајтед пред интернационал – УПИ, главниот град на Јемен, Сана, се очекува да биде првиот главен град во светот што ќе се соочи со  немање на вода, а што е директен резултат на многуте превирања и локалните воени конфликти во оваа област. Либија како воено разурната земја која се соочува со целосна санитарна катаклизма, постојаните промени во режимот и дивите политички пресврти ја спречуваат можноста државата да создаде одржлива политика за вода. Од друга страна, Јордан се наоѓа во една од најсушните географски ширини на планетата. Нејзиниот единствен извор на вода се Мртвото Море и реката Јордан. Трансформирањето на солената вода во свежa/питка вода е финансиската пречка што не може да ја издржи слабата економија.

Останува да видиме како ООН преку ЦОР ќе ги надминие овие проблеми и во рамките на Агенда 2030 ќе обезбеди вода за секој. Иако можеби нема да го решат проблемот со недостигот на вода во целост, за поздравување се напорите да се минимизира проблемот на што е можно повеќе начини.

И како што познатата Одри Хепберн во една прилика ијави: “Водата е живот, а чистата вода значи здравје”, очигледно може да се живее без многу нешта, но без вода не.

 

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ