Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. ОД МВР се апелира граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.
Српски „Блиц“ пренесе информација од грчка „Прототема“ која пишува дека пожарот избувнал нешто по 12 часот на тревната површина, а на гаснење на пожарот работат 22 пожарникари и 10 возила.
На фотографии објавени во фејсбук групата “Grčka info” се гледа густ чад и голем пламен кој гори во шума близу границата од грчка страна.