петок, декември 6, 2024
домаПОЛИТИКАМакедонијаМВР: Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење...

МВР: Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. ОД МВР се апелира граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.  

Српски „Блиц“ пренесе информација од грчка „Прототема“ која пишува дека пожарот избувнал нешто по 12 часот на тревната површина, а на гаснење на пожарот работат 22 пожарникари и 10 возила.

На фотографии објавени во фејсбук групата “Grčka info” се гледа густ чад и голем пламен кој гори во шума близу границата од грчка страна.

https://www.facebook.com/groups/grckainformacije/posts/1275481780002003
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ