вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотЗдравјеМЗ: Центарот за јавно здравје во Велес продолжува со нормална работа

МЗ: Центарот за јавно здравје во Велес продолжува со нормална работа

Центарот за јавно здравје во Велес продолжува со нормална работа, соопшти денеска министерството за здравство, откако во дел од медиумите излегоа информации за наводно затворање на пунктот за земање брисеви и Центарот за јавно здравје во Велес.

Како што е соопштено, направена е ротација на кадри од другите одделенија, вклучително и лаборанти кои ќе ја покријат работата на пунктот за земање брисеви.

Во текот на утрешниот ден, ќе бидат направени епидемилиолошки анкети на вработените во ЦЈЗ Велес по што точно ќе се знае дали и колку од вработените ќе бидат во изолација. Дополнително, инспектори од Скопје и епдемиолози, ќе направат вонреден инспекциски надзор врз работата на велешкиот центар за јавно здравје за да се утврди дали се почитувани пртоколите или има некакви неправилности во постапувањето.

Во текот на денешниот ден се прават и ќе бидат завршени епидемиолоши анкети и на сите вработени од маркетот во Велес каде беа регистрирани лица позитивни на коронавирусот.

По добивањето на наодите, ДСЗИ доколку утврди потреба ќе издаде решение за самоизолација, а согласно тоа колкав број на вработени ќе одат во изолација, ќе се донесе одлука дали маркетот ќе продолжи да работи или пак ќе биде затворен на одреден период, соопштувааат од министерството за здравство. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ