Министерството за здравство објави дека во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19. Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица.
По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.
Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, а вкупно досега 4.117 тестирања на Ковид-19.
Станува збор за тестирања направени во јавното здравство. Тестирањата кои вчера беа направени во Систина, и според кои резултатите вчера имало педесетина позитивни, не се сметаат за заразени од Минситерството за здравство. Ресорното минситерство реагира дека тестовите кои ги прави Систина се поразлични од другите тестови кои се користат во државата и ги повикуваат сите кои направиле тест во Систина и се покажале позитивни на корона вирусот да направат уште еден тест во јавното здравство.
На ова реагираат од Систина, кои тврдат дека нивните тестови се исправни. Оттаму инофрмираат дека уште денеска поради дезинформациите кои се шират во јавноста, а се поврзани со овие тестови кои се произведуваат во Холандија и ги користи КБ Аџибадем Систина, ќе ја известат и холандската амбасада во нашата земја. Во Систина сметаат дека во ваква ситуације е недозволлива било каква манипулација во јавноста на оваа тема.
Во Систина се користи COVID – 19 IgG/IgM Rapid Test. Станува збор за брз тест за детекција на присуство на коронавирусот (Ковид- 19) што е произведен во Холандија и претставува серумски рапид тест кој како хроматографски тест се користи за детектирање на антителата IgG-IgM. Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може ефикасно да детектира претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото.
Интерпретацијата на резултатите, достапна и во упатството за самиот тест https://bit.ly/2R2fPaH, едноставно прикажана можете да ја видите во табелата подолу.
Табела 1. Клиничко значење на детекцијата на IgG и IgM антителата
Според препораката на Светската здравствена организација за масовен скрининг на населението, вакви тестови се користат и во САД, Велика Британија, Италија, Норвешка, Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Брунеи, Обединети Арапски Емирати,Индонезија, Бразил и Романија, Бугарија и Србија.
Н.С.