петок, ноември 29, 2024
домаЖивотНа ГАК породена родилка со корона вирус, за друга се чекаат резултати

На ГАК породена родилка со корона вирус, за друга се чекаат резултати

Информациите кои вечерва се појавија на социјалните мрежи за заразени на ГАК, министерот за здравство Венко Филипче ги потврдил за НОВА ТВ. Како што пренесува НОВА ТВ на гинекологија вчера се породила родилка од Куманово која е позитивна на корона вирусот, а се прават тестови за уште една родилка која била испратена од Охрид со мртво бебе во утробата.

Се дознава дека родилката од Куманово била донесена со претходна најава и биле запазени сите протоколи во услови на пандемија. За родилката од Охрид се сомневаат дека се работи за сепса и се чекаат резултатите од тестот, додека врз неа се врши хистеректомија. Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ