четврток, април 25, 2024
домаНасловнаНа патот кон ЕУ Заев ја најави следната цел - датум за...

На патот кон ЕУ Заев ја најави следната цел – датум за почеток на преговорите во јуни

Со добивање на безусловната препорака, Македонија е чекор поблиски до ЕУ, рече македонскиот премиер Зоран Заев на заедничката прес конференција со еврокомесарот Јоханес Хан по добивањето на препорака за почнување пристапни преговори со Европска унија.

Ова е ден кога граѓаните на Македонија треба да се гордеат, рече Заев, истакнувајќи дека следната цел е во најкус можен рок да се реши проблемот што Грција го има со нашето уставно име.

– Ова значи дека политичката криза е зад нас, дека ЕУ со внимание и почит ги следи реформските и политичките процеси во нашата земја и дека влеговме во редовните политички процеси, како и секоја функционална демократска држава – рече премиерот Заев.

Премиерот истакна и дека членството во ЕУ и НАТО значи подобра бизнис-клима, повеќе инвестиции, повисоки плати и подобар живот, и дека низ соработка со сите засегнати страни и со учество на опозицијата се усвоени важните реформи во судството и администрацијата па следно е со опозицијата и со граѓанскиот сектор да се носат одлуки и за други национални интереси, како формирање широк консензус за решавање на спорот за името.

„Ќе утврдиме нов план за динамиката на реформите до крајот на 2018, кој ќе биде поврзан со имплементацијата на она што досега го постигнавме“, рече Заев.

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во изјавата за агенцијата МИА порача дека оваа јасна препорака за Македонија треба да биде мотивација за реформи и решавање на спорот за името.

“Важно е сега да го прошириме овој процес, да ја искористиме оваа можност и да продолжиме со реформскиот напредок”, рече Хан.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ