четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеНајчести дилеми меѓу жените: Можам ли да забременам ако…

Најчести дилеми меѓу жените: Можам ли да забременам ако…

Секоја млада жена која се уште не станала мајка си поставува низа прашања барајќи го одговорот на прашањето зошто се уште не го почувствувала задоволството на мајчинството. Бебе Магазин во овој број се обидува да даде одговор на најчестите прашања која си ги поставува секоја млада жена.

…Ако имам болни и обилни менструации?
Овие тегоби не би требало да прават проблем ако сакате да останете во
блажена состојба, но секако би требало да разговарате со вашиот лекар за да утврди дека не се работио за ендометриоза, миоми или некоја инфекција.

—Ако менструациите ми се нередовни и ретки?
Нередовноста на менструациите може да претставува проблем ако сакате да останете бремена бидејќи тешко е да се пранира концепција кога не знаете кога овулирате. Треба со вашиот лекар да разговарате за следење на циклусот и одредување на времето за овулација кога ќе ја планирате бременоста.

…И јас и мојот сопруг имаме повеќе од 35 години?
Годините кај мажите не играат голема улога во можноста за оплодување, но кај жената плодноста полека опаѓа по 35-тата година. Тоа не значи дека не може да останете бремени, само можеби тоа нема да се случи токму тогаш кога ќе посакате.

…Имам напорна, стресна работа?
Премногу стрес може да ја намали желбата за водење љубов и може да влијае на хормонскиот статус како кај жената, така и кај мажот. Би било добро, не само поради планирање на бременоста, да го намалите нивото на стрес, но ако тоа не е можно, треба да се обидете редовно да се ослободувате од него со физичка активност како пливање, шетање, возење велосипед… Ако немате време за редовни односи, одредете го периодот на овулација, па според тоа темпирајте го водењето љубов.

…Медицинскиот наод од спермата на сопругот не е идеален?
Да, но може да бидат потребни и дополнителни истражувања за да се утврди причината за тоа, а потоа и евентуалното лечење. Секако тој би требало да го смени начинот на живот и да ги исфрли негативните навики како пушењето или консумирањето алкохол и да воведе здрав начин на живот во кој ќе бидат вклучени редовни физички активности и одмор.

…Порано сум имала често воспаление на јајниците и на малата карлица?
Некогаш честите инфекции на малата карлица може да предизвикаат помало или поголемо затнување на јајцеводите. Затоа, ако се обидувате да забремените подолго време, а не успевате во тоа, известете го вашиот лекар и направете испитувања за пропустливоста на јајцеводите.

…Што ги намалува моите шанси за зачнување?
Најчести причини за стерилност се непостоење на овулација, оштетување или затнување на јацеводите или проблеми со спермата. Но не заборавајте и на тоа дека за да останете бремени треба да имате редовни односи.

…Веќе подолго време се обидувам да останам бремена, но без успех. Кога
треба да се обратам кај лекар?
Зависи од тоа што подразбирате под “подолго време”! Обично 90 отсто од партнерите забременуваат во текот на првата година со практикување на редовни и незаштитени сексуални односи, а 95 отсто во текот на првите две години такви односи. Обично, помош од лекарот се бара по две години со активни и незаштитени односи, кога жената не успеала да забремени. Сепак, ако имате некои здравствени проблеми, ако сте имале чести гинеколошки проблеми или ако сте постари од 35 години, јавете се на лекар веќе по првата година на неуспешно планирана бременост.

…Што е тоа спермограм?
Спермограм е анализа на спермата при која се прегледува бројот на сперматозоидите, изгледот, подвижноста, некои нивни хемиски особини…
Главно, со оваа постапка се гледа колкави се шансите со таква сперма жената да забремени.

…Рековте дека постои шанса јајцеводите да ми се затнати. Дали тоа значи
дека не можам да останам бремена?
Зависи од тоа како лекарите го утврдиле затнувањето… дали правеле тестови или ја снимале проводливоста на јајцеводите. Ако сте вршеле испитувања на спроводливоста на јајцеводите и се покажало дека се затнати, веројатно ќе мора да направите операција со која ќе го отстраните овој проблем. Ако не сте правеле испитувања, не може да се каже дека постои шанса да останете бремени, бидејќи ќе мора прво да направите испитувања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ