Ќе бидете воодушевени од оваа маска која експертите ја предлагаат за затегнување на кожата, а која што можете лесно и брзо да ја направите дома.
Станува збор за таканаречена „ботокс маска“ која ќе стане алтернатива за многу третмани во салоните за убавина. Освен што е економична, нејзиниот ефект е еквивалентен на познатиот ботокс.
Оваа маска е целосно природна и наводно ја затегнува кожата дури и подобро од ботокс, тврдат експертите. Потребните состојки за таа намена се една лажица густина, пет лажици свежо исцеден сок од морков. Исцедете го во соковник или блендер, па процедете го преку цедилка.
Потребна ви е и една лажица кисело млеко и вода. Растворете го густинот во половина чаша ладна вода, а потоа прелијте го со 100 милилитри врела вода.
Потоа, ставете го на шпорет и варете на тивок оган додека не се згусне, а потоа оставете ја смесата да се олади малку.
Потоа додадете ги сокот од морков и киселото млеко. Измешајте сè добро и маската е подготвена за употреба.
Исчистете го лицето, нанесете ја маската и оставете ја да отстои половина час, а потоа исплакнете со млака вода. Потоа нанесете хранлив крем на лицето, а оставете ја преостанатата количина на маската во фрижидер. За да биде ефектот посилен, нанесувајте ја маската три ноќи по ред. А.Н.