среда, ноември 20, 2024
домаЖивотНаучниците бараат уништувањето на животната средина да се смета за воено злосторство

Научниците бараат уништувањето на животната средина да се смета за воено злосторство

„Ги повикуваме владите да вметнат експлицитни заштитни мерки за биолошката разновидност“.

Шумите изгорени до земја, реките оштетени од нарушена инфраструктура. Животните заклани и истерани од нивните живеалишта. Влијанијата на војната врз животната средина се неверојатни, но сепак, тие честопати се засенети од општествените остатоци создадени од конфликтот.

Во писмото објавено во научното списание „Природа“, група научници ги повикуваат Обединетите нации деградацијата врз животната средина за време на конфликти да се смета за воено злосторство. Комисијата за меѓународно право на ООН е во преговори од 8 август, а научниците ги повикуваат присутните членки да создадат рамка „за заштита на животната средина во региони на вооружен судир“.

„Ги повикуваме владите да вметнат експлицитни заштитни мерки за биолошката разновидност и да ги користат препораките на комисијата за конечно да се донесе Петта Женевска Конвенција со која ќе се поддржи заштитата на животната средина за време на ваквите соочувања“, се вели во петицијата.

„И покрај повиците за петта конвенција пред две децении, воениот конфликт продолжува да уништува мегафауна, да ги турка видовите кон истребување и да ги труе изворите на вода“, се вели во петицијата. „Неконтролираната циркулација на оружјето ја влошува ситуацијата, на пример со неодржлив лов на животинскиот свет“.
Без оглед каде се случува војната, таа ги уништува локалните опкружувања. Инвазијата на САД во Авганистан во 2001 година доведе до неконтролирано уништување на шумите, загадени извори на вода и распространето загадување на воздухот. Покрај загадувањето создадено од бомби, американската војска редовно гори ѓубре на отворени јами, испуштајќи штетни токсини во воздухот, а тешките машини предизвикуваат да се циркулира повеќе прашина во атмосферата.

Кога САД го нападнаа Ирак во 1991 година, бомбите што содржат осиромашен ураниум, доведоа до загадување на зрачење во почвата и изворите на вода, пренесува Гардијан.

Американската армија исто така уништила милиони хектари шума за време на војната во Виетнам со токсична супстанција наречена „агент портокал“. Ефектите од животната средина од таа кампања за бомбардирање се чувствуваат и денес.
Војната исто така во голема мерка ги загрозува животинските и растителните видови. На пример, за време на граѓанските војни во Конго, разновидни животни како антилопите, слоновите и мајмуните биле убиени и принудени да ги напуштат своите уништени живеалишта. Дури и во време на мир, животните редовно се жртви на нагазни мини и касетна муниција. Хемикалиите што се користат за правење оружје можат неповратно да ги загадат изворите на вода, а беззаконието предизвикано од војна може да предизвика деструктивни активности како што се нелегални рударски операции.

Потоа, тука се и придонесите што ги даваат милитантите во климатските промени. Американската војска запали повеќе нафта во Ирак само во 2008 година, отколку годишната сума што би ја користеле 1,2 милиони автомобили. Севкупно, американската армија ослободува повеќе емисии на стакленички гасови од себе, отколку многу земји. Армиите, исто така, редовно користат извори на нафта за да ги спречат своите непријатели, ослободувајќи огромни количини на емисии на стакленички гасови во атмосферата во овој процес.

ООН веќе ги повикуваат земјите да ја заштитат животната средина за време на конфликти преку Меѓународниот ден за спречување на експлоатацијата на животната средина во војна и вооружен судир. Резолуцијата на животната средина на ООН исто така беше донесена во 2016 година за промовирање на силни заштитни мерки на животната средина во време на војна.

На крајот на краиштата, ако штетата врз животната средина се смета за воено злосторство, тогаш повеќето акти на модерно војување би биле суштински забранети. Не постои начин да се фрли бомба без да и се наштети на земјата на која паѓа…

Н. Доковска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ