недела, декември 22, 2024
домаЖивотЖивотна срединаНаучниците предупредуваат: Ќе има се повеќе пандемии ако не го зачуваме биодиверзитетот

Научниците предупредуваат: Ќе има се повеќе пандемии ако не го зачуваме биодиверзитетот

Пандемиите ќе станат се почести, побрзо ќе се шират, ќе одземаат повеќе животи и ќе создадат позначителна штета на стопанствата отколку ковид-19 ако луѓето не престанат со уништување на живеалиштата што придонесува вирусите да скокаат од животни до луѓе, предупредува студијата објавена денес.

Наодите од студијата покажуваат дека подобра заштита на тропските шуми и другите богати екосистеми помага во забавување на климатските промени и спасување на животински и растителни видови, што само по себе ги спречува пандемиите во иднина.

Околу половина од проценетите 1,7 милиони неоткриени вируси во природата можат да заразат луѓе

„Се покажува дека кога дејствуваме против пандемиите, правиме нешто и за климатските промени и за биодиверзитетот, и тоа е добра работа“, вели Питер Дазак, зоолог и водечки истражувач, кој работеше со уште 22 меѓународни експерти.

Тие заклучија дека околу половина од проценетите 1,7 милиони неоткриени вируси во природата можат да заразат луѓе.

Активности како што се нелегална трговија со диви животни, ловокрадство или уништување на шумите заради одгледување монокултури ги ставаат луѓето во поголем ризик да бидат изложени на патогени од природата. Научниците веруваат дека ковид-19 најверојатно преминал од лилјак на човек на пазар во Кина.

Се проценува дека пандемијата на ковид-19 до јули чинела помеѓу 8 и 16 билиони долари

Спречувањето на вакви настани е сто пати поевтино од пандемиите, но владите продолжуваат да се потпираат на борбата против последиците наместо на причините, велат експертите, повикувајќи на поголема меѓународна соработка во областа.

Се проценува дека пандемијата на ковид-19 до јули чинела помеѓу 8 и 16 билиони долари.

Истражувањето е спроведено од меѓувладината платформа IPBES, во која учествуваат повеќе од 130 земји-членки.

 

Текстот е дел од проектот ЕКО Едукација за новинари“, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ