петок, ноември 15, 2024
домаЖивотЗдравјеНаучниците заклучиле дека луѓето не можат двапати да заболат од коронавирусот

Научниците заклучиле дека луѓето не можат двапати да заболат од коронавирусот

Бројни пријавени случаи на заболени од коронавирус кои се повторуваат откако ја прележале оваа болест се всушност резултат на неуспешно тестирање, велат јужнокорејските научници.

Истражувачите од Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја (ЦДЦ) сега тврдат дека е невозможно да се реактивира вирусот КОВИД- 19во човечкото тело, пренесува „Sky.com“.

Постојат повеќе од 10.000 потврдени случаи на коронавирус во Јужна Кореја, а 245 починале. Стапката на смртност е 2,3 проценти, што е пониско од просекот од 3,4 проценти, наведува Светската здравствена организација.

Се смета дека вкупно 277 пациенти во Јужна Кореја се разболеле по втор пат, како и пациенти во Кина и Јапонија.

Ова предизвика загриженост дека вирусот може толку брзо да мутира, што луѓето не се способни да создадат имунитет кон него. Сепак, генетските анализи на вирусот покажаа дека тој не се променил значително.

Поради овие први сознанија, Светската здравствена организација им препорача на владите да не воведуваат таканаречени „пасоши на имунитет“ што ќе им овозможат на луѓето кои го прележале КОВИД- 19 да се вратат на работа. Идејата е да се издаваат на лица кои го прележале вирусот и се тестирале позитивни за антитела, со што создале имунитет.

Првите претпоставки не зедоа предвид дека тестовите не даваа добри резултати. Имено, јужнокорејскиот Центар за контрола и спречување на болести заклучил дека постојните тестови не ги разликуваат живите траги на вирусот од безопасните мртви примероци кои останале во телото откако се опоравил пациентот.

Јужнокорејските експерти, исто така, додале дека новиот коронавирус се разликува од другите вируси како ХИВ, кои можат да влезат во човечките клетки и да останат таму долго пред да се реактивираат.

„Ова значи дека не може да предизвика хронична инфекција или рецидив“, рекол д-р О Мајонг-дон, првиот човек на Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја. Тој додал дека тоа значи дека пациентот веројатно нема повторно да заболи од коронавирус. Но, во иднина е можно коронавирусот, исто како и грипот, да мутира и да зарази луѓе кои претходно го имале. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ