На социјалните мрежи вечерва се појави информацијата дека општина Неготино го одби барањето за референдум на ГО Ековита против изградба на најавената депонија.
Само колку за потсетување, 3323 граѓани на Општина Неготино по добиеното позитивно решение од ДИК се потпишаа за неговор одржување, а на кое тие требаа да се изјаснат дали се за или против изградбата на депонијата.
Имено, денеска на вонредна седница точката од дневниот ред “Разгледување на Предлог за распишување на референдум на локално ниво” била изгласана за БЕСПРЕДМЕТНА бидејќи се поништени двете претходни одлуки за депонијта од 2009 и 2019 година. .
Согласно став 2 член 28 од Законот за локална самоуправа, Советот на Општината е должен да одреди датум за одржување на референдум, а согласно став 1 член 81 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓанитe тоа треба да го стори во рок од 30 дена од денот на приемот на предлогот со барањето и потписите. Со одбивањето на референдумот како демократско право предвидено како учество на јавноста во донесувањето на одлуки, не се почитува вториот столб од Архуската Конвенција. И државата повторно се става во редот на држави кои ја прекршуваат Конвенцијата.
Само колку за потсетување, историјата на оваа приказна започнува од пред неколку месеци кога се прошири информацијата дека во непосредна близина на Неготино, меѓу селото Пепелишта и Криволак, и на само неколку метри од единствено еколошки заштитеното подрачје во општината, цветниот локалитет Орлово брдо, ќе треба да се гради Депонија. И тоа, на исто место каде што пред повеќе години беше дадена дозвола за изградба, исто така на депонија, но која компанија ја загуби концесијата по неколку години поради не започнување на работа во предвиденото време.
По реакцијата на граѓаните, собрани околу граѓанската организација ЕКО ВИТА, општината свика седница, наводно околу реакциите на локалното население. Студијата за оценката за влијанието врз животната средина од изградба на депонија за инертен и индустриски неопасен отпад во Општина Неготино, веднаш се најде на страната на МЖСПП, се размрдаа и во самата општина. Со своја видео изјава на локалната КТВ се јави и градоначалникот Делков кој меѓу другото кажа дека ќе се повлече одлуката и нема да се гради депонијата, иако останаа да висат во воздух многу прашања.
По последната информација што тулу објавена на страната на ЕКО Вита, се чини дека депонија сепак ќе има!
И додека граѓаните реагираат, од МЖСПП тврдат дека изградбата на депонијата е од големо значење за општината и дека одржливоста и безбедност е на големо ниво.
Н.С.