Михаил Китановски има две лични карти. Едната е: тоа што во јавност е познат како долгодишен неразделен партнер на познатата ТВ спикерка и мис на Македонија за 1992 година, Татјана Стојановска.
Другата негова лична карта е – во бизнис заедницата, каде е мошне познат како врвен консултант за менаџмент и сопственик и генерален директор на своја компанија за консултантски услуги.
Но, верувале или не, има дури седум професии за кои е академски едуциран во земјава и во Америка, а дипломирал јавна политика и менаџмент, потоа и магистрирал.
Овој успешен скопјанец, со ресенско – охридско потекло, има завршено и Музичка академија и затоа во својата презентерска дејност ја комбинира и експертизата за пијано- класична и џез реторика.
Признат за својата работа, Михаил има искуство од соработки со преку илјада клиенти на четири различни континенти, во преку 30 различни држави и во над 70 различни индустрии.
Неодамна (на 16 март 2023 година), во хотелот Александар Палас на конференција на “Бјути мед”, каде беше ангажиран за презентација на содржините, ги одушеви присутните свирејќи на пијано, и на сцена и спонтано во самото фоаје. Еве како тоа звучеше!