вторник, декември 24, 2024
домаНасловнаНикола Димитров Ди Џеј на СТАТУАФЕСТ

Никола Димитров Ди Џеј на СТАТУАФЕСТ

Интернационалниот уличен уметнички фестивал СТАТУАФЕСТ – Другото лице на улицата ќе се оддржи на 14ти и 15ти септември, на улица Македонија со почеток во 18:00 часот па се до полноќ.  Организаторите јавуваат дека на фестивалот ќе учествуваат светски познати артисти, како што се Ел трио ла ла од Барселона, кои се светски прваци на интернационалниот натпревар за живи статуи во Архем, Холандија, а покрај оваа имаат освоени и уште неколку други награди. Доаѓа артист и од Украина кој е заштитно лице на фестивалот, а ќе настапи со актот Mr. Show time. Доаѓаат артисти од Бугарија, Србија, а ќе настапуваат и живите статуи од македонската продукција Театроск која е организатор на овој фестивал.

Актот КОНТРАБАС со кој Театроск освои прво место на интернационалниот натпревар за живи статуи на фестивалот Зигет во Унгарија, исто така ќе биде претставен пред македонската публика. Освен живи статуи, свој музички сет ќе има DJ Соња Исмаил, а свој концерт ќе оддржи и познатата скопска група ПЕПЕРМЕНТ на 14ти септември.

Веќе на 15ти септември програмата е поинаква, па паралелно со настапот на живите статуи свое џез матине ќе има Бојан Чакра, а музика ќе пуштаат и скопски урбани ликови, и тоа Никола Димитров, Билјана Секуловска, Анте Попоски, Бранка Костиќ Марковиќ, Џабир Дерала и Иво Антов.

Главен покровител на фестивалот е град Скопје. Спонзори се Винарска визба Тиквеш, Меана Б, Цивил, сендвичара Смајли, Пивара Скопје, МДН обезбедување, Ладна вода и Арена Рекордс.

Од ТЕАТРОСК ги покануваат сите на 14ти и 15ти септември, да дојдат и доживеат нешто што не се гледа секој ден во нашиот град.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ