недела, декември 22, 2024
домаНова едукативна тренинг платформа на Организацијата на работодавачи на Македонија

Нова едукативна тренинг платформа на Организацијата на работодавачи на Македонија

Нова е-Платформа која нуди уникатни, висококвалитетни обуки кои ги вклучуваат сите техники, вештини и знаења кои овозможуваат постигнување успех на професионален план лансираше Организацијата на работодавачи на Македонија. Тргнувајќи од тоа дека надградбата на знаењето и вештините на вработените е во фокусот на секој работодавач кој очекува прогрес и развој на својот бизнис, е-Платформа со својот уникатен пристап и методологија е една од ретките дигитални платформи за обуки со фокус на компаниите од приватниот, но и на јавниот сектор.

Како дел од својата палета на обуки, е-Платформа на Организацијата на работодавачи на Македонија нуди: бесплатни курсеви, еднодневни и тридневни обуки. Учесниците кои ќе бидат дел од едукативната тренинг е-Платформа на ОРМ ќе имаат можност низ целосно дигитализирани обуки со снимен видео материјал, да се стекнат со практични тренинзи и искуства. ОРМ ја вклучува и можноста учесниците во секое време да имаат пристап до обуките, сè со цел да се овозможи поефикасно совладување на истите.

Сите учесници ќе имаат можности за додатни прашања и информации кои им се потребни, а по завршувањето на одредени обуки тука е и тестот за проверка на знаењето како и дигиталниот сертификат. Покрај ова, ОРМ вклучува и додатни вебинари и најнови образовни технологии како дел од нивната нова е-Платформа.

Оние кои ќе бидат заинтересирани за деталите и можностите кои ги нуди е-Платформа на Организацијата на работодавачи на Македонија можат да ја искористат можноста да станат дел од истата преку едноставна регистрација на профил на страницата http://www.etp-orm.org.mk/. Со креирањето на профил на е-Платформа, новите членови имаат можности да ја одберат обуката која им е потребна, да ги следат обуките, да поставуваат прашања, да си ги проверат знаењата како и да се стекнат со дигитален сертификат.

е-Платформата изработена од страна на Организацијата на работодавачи на Македонија е финасирана преку проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финасиска поддршка од страна на Европската Унија. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ