Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5).
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (88)
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Куманово (8) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Гостивар (1)
Поради собирање на податоците до 12:00 часот, соопштението со детален извештај ќе биде испорачано секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот, соопштуваат од министерството за здравство. А.Р.