понеделник, јуни 17, 2024
домаНови цени на горивата од полноќ

Нови цени на горивата од полноќ

Нови цени на горивата од полноќ најави Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. Со промените од полноќ поскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, а поевтинуваат дизелот и екстра лесното гориво. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за половина денар. Поевтинува и мазутот М-1 НС, за 0,886 денари за килограм, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста.
Со измените новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 91,50 денари за литар, 103 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), 98,5 денари на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1), а 51,034 денари на мазутот М-1 НС – 51,034.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ