вторник, ноември 19, 2024
домаЖивотЖивотна срединаНуредини на COP 25: Можеби сме мала земја, но планираме да направиме...

Нуредини на COP 25: Можеби сме мала земја, но планираме да направиме голема разлика!

За прв пат на еден Самит за клима учествува македонска делегација преводена од ресорниот министер. Насер Нуредини.

Од нашиот специјален изветувач од Мадрид: Наташа Доковска

Овогодишниот Самит за клима или попознат како COP25 поминува во тензична атмосфера. Приближувајќи се кон крајот на Втората недела и самиот завршеток на Самитот, а пред почетокот на Министерската „парада“, на која министрите си ги кажуваат (не)достигнувањата, случјаните намерници тука се погласно се прашуваат каков ќе биде исходот.

Потписникот на овие редови, кој 15 години во континуитет ги следи Самитите за клима, само ќе потенцира дека после Копенхаген, ова е најлошиот, содржински, Самит за клима.

Сепак, за нас, како претставници од Северна Македонија имаме за што да се пофалиме, или на што да се гордееме. Патем, за прв пат, Северна Македонија е претставена на министерско ниво и за прв пат еден македонски министер, во овој случај актуелниот министер за животна средина, Насер Нуредини се обрати пред присутните министри и претставници на меѓународни организации.

Во своето обраќање министерот Нуредини на нему својствен, но за аудиториумот симпатичен начин, ја информираше меѓународната заедница за напредокот на  Северна Македонија во насока на спроведувањето на Договорот од Париз.
„Владата на Република Северна Македонија останува целосно посветена на остварување на националните обврски согласно Договорот од Париз. Нашата заложба е да обезбедиме интеграција на енергетската и климатската политика, што е во директна врска со регулативите на ЕУ за интегрираното управување со енергија и клима” – подвлече Нуредини.
Во своето понатамошно обраќање, министерот  потенцираше дека задача која ни претстои е понатамошна формална институционализација на процесот преку донесување на два многу важни документи кои моментално се во фаза на изработка, а тоа се Законот за климатска акција и Долгорочната стратегија за климатска акција.
На крај, во своето излагање го потенцираше значењето на транспарентниот пристап, интеграцијата, собирањето на знаења и пред сè, амбицијата и заложбата кон максимална посветеност на борбата против климатските промени.
“Можеби сме мала земја, но планираме да направиме голема разлика” – истакна министерот Нуредини.

 

 

COP25

Обраќање на министерот Нуредини на COP25

Публикувахте от Министерство за животна средина и просторно планирање в Сряда, 11 декември 2019 г.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ