петок, декември 20, 2024
домаКУЛТУРАЛитератураОбјавен плакатот и промотивното видео за претстојното издание на Струшките вечери на...

Објавен плакатот и промотивното видео за претстојното издание на Струшките вечери на поезијата

Во пресрет на годинешното издание на Струшките вечери на поезијата што ќе се одржи од 22 до 26 август, објавен е плакатот и промотивното видео.

Графичкиот дизајн на плакатот е дело на познатиот графички уметник и дизајнер од Струга, Енкел Дика, видео продукцијата е на ЗООТРОП студио, а музиката е фрагмет од Концертот на Аранхуез.

Плакатот и промотивното видео го илустрираат мотото на годинешното издание на Струшките вечери на поезија, ДОПИР НА УБАВИНАТА. Во описот на промотивното видео се истакнува:

Мотото на годинешниот фестивал е ДОПИР НА УБАВИНАТА.Со ова мото сакаме да го потенцираме оној аспект на поезијата и поетскиот јазик кој овозможува контакт на човечкото битие со вишите сфери на Убавината, отелотворена во поезија. Но исто така, сакаме да оддадеме почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку тактилноста и рељефноста на Брајовото писмо преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата.

Во продолжение, ви го проследуваме линкот од официјалниот Youtube канал на Струшките вечери на поезијата со промотивното видео:

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ