петок, декември 20, 2024
домаЖивотСоцијална политикаОд експертски агол: Кармен Раду- Борбата против сиромаштија е поефикасна мерка од...

Од експертски агол: Кармен Раду- Борбата против сиромаштија е поефикасна мерка од субвенција на песни!

Наташа Доковска

Проектот „Трето дете“, кој беше донесен  во Република Македонија во 2008 година, како Владин проект со кој се прдевидуваше паричен надоместок за сите мајки кои ќе родат второ, трето и четврто дете, домашните и европските експерти по човекови права го оценуваат како дискриминирачки по однос на жената и на семејствата.

Во куси црти, европскиот експерт по човекови права, господинот Омар Фасатуи, е дециден дека: Во член 12 од CEDAW е јасно напишано дека жената има право на слободен избор за мајчинство, за раѓање и одгледување на деца и планирање на семејството!

Ана Никогосијан, од Јереван, Ерменија, од улога на извршен директор во општеството без насилство, подвлекува дека ако државата со своите механизми не смее да се меша во одлуката колку деца една жена треба да роди :

-Тоа е прекршување на незиното право. Само анти-кампања на активисти е спас во ваква ситуација, ни изјави Ана.

Како познавач на домашните прилики Наташа Доковска Спировска, од  „Новинари за човекови права”  вината ја насочи кон популистичката политика на ВМРО Дпмне, која извршила невиден притисок и загрозување на правата на граѓаните. А овој закон само повеќе би ја „врзал“ жената дома.

-Држава и наталитет не се стимулира на тој начин. А, тоа дека давале и субвенции и на пејачи  е уште еден доказ дека ги користеле сите алатки за да се извлечат пари од буџетот за нечии други цели, нагласува Доковска и за музичките песни кои го следеа овој проект.

Што се однесува токму  „субвенционирање на музички теми со порака за многудетно семејство“, европските екперти тврдат дека за прв пат слушаат за ваква идеја.

Иако проектот е веќе завршен и забранет од актуелното Министерство за култура, прекршувањето на човековите права се нешто за кое треба да се зборува.

Со свој коментар се осврнува и експретката по човекови права и правата на жената, госпоѓа Кармен Раду, од Романија, која констатира:

-Во Романија имаме концерти организирани од Pro Vita, здружение со конзервативна и традиционалистичка агенда (анти-абортус, про-живот, анти-ЛГБТ). Тие ја имаат поддршката на Романската православна црква, која е финансирана од државата. Не можеме да кажеме дека нивните концерти ги плаќа државата, но Про Вита како здружение, има голема поддршка од институциите и некои политичари. Секоја година тие организираат „Прошетка за живот“ која завршува со таков концерт, понекогаш со многу познати пејачи во Романија, објаснува Раду.

Оваа Романска експертка порачува дека овој проект со својата иницијатива бил индиректно мешање на македонската држава во приватниот живот на жените, но на нив останувало правото да  изберат да не ги слушаат овие песни или да не се согласуваат со нивната порака.

-Ако не постои закон кој ги принудува жените да имаат одреден број деца или закон против абортус, таа иницијатива се уште се смета како еден вид културен проект, но кој е загрижувачки за вашата земја, бидејќи кога државата дава насока  да се промовира традиционалната улога на жената-мајка, тоа доведува до дискриминација во општеството (во однос на застапеноста, пазарот на трудот, образованието, социјалниот притисок да има семејство кое паѓа на товар особено на жените ). Покрај тоа, знаеме дека овој традиционалистички пристап е фактор кој го фаворизира насилството врз жените, акцентира Раду, нагласувајќи ја и оваа опасност која ја носи традиционалното поимање на жената.

-Државата може да поттикне раѓање со економски и социјални мерки: финансиска помош за семејствата, финаниски структури за рекреација и згрижување, отсуство на татковство, брзо реинтеграција на мајките на пазарот на трудот, борба против сиромаштија, која е веројатно поефикасна од песните, е експертски заклучок на госпоѓа Кармен Раду.

А што се однесува до субвенционираните  песни кои беа „приверзок“ за овој проект, иако најголемиот дел јавноста воошто не ги слушна, и тие неколку што проциркулираа на јутјуб, би се рекло повеќе беа гротескни отколку со јасна и прецизирана порака. Дека земаат учество во дисктиминирачки проект кој првенствено ги прекршува правата на слободен избор на жената и на семејствата, на сфатија ни самите автори, а ни самите пејачи. За волја на вистината никој и не ги сфати сериозно ни тие песни и пејачи. Според голем дел од јавноста првенствена цел на авторите им биле да земат пари (по 3.000 евра од песна), а дека пораката не може да биде целосна е знак што тие не ја промовираа преку свој личен пример, туку преку комерцијално напишани и исплатени стихови.

Своевремено, поп пејачката Елена Петреска ја поткрепи субвенционирана песна што ја сними со личен пример, во  пресрет на второто мајчинство, и за еден тогашен дневен весник изјави:

-Посебно сум среќна што ќе пеам композиција за афирмација на семејните вредности, бидејќи во моментов сум во блажена состојба!

Иако во неколку квартали беа снимени дузина субвенционирани песни за многудетно семејство, јавноста не се запозна кои се тие песни и кому му се наменети, и кому насочени, а малкумина сфатија дека го носат префиксот „Дискриминирачки“!.

-Мислам дека оваа тенденција на традиционализам и конзервативност сега е присутна во цела Европа, како анти-демократски бран, на кој сите ние треба да се одолееме и да му се спротивставиме, нагласува екпертката Кармен Раду.

(Ова се две од тие песни кои може да се најдат на јутјуб)

 

 

(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ