Од полноќ поевтинуваат горивата со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Така, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1 денар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 1,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 2 денари по литар.
Со тоа новаите цени ќе бидат: 80 денари за ЕУРОСУПЕР БС– 95, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74,50 денари, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73,50 денари за литар.
За 1,042 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе чини 45,631 денари.