понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотОд утре најверојатно влез во Македонија со Пи-Си-Ар тестови за граѓаните на...

Од утре најверојатно влез во Македонија со Пи-Си-Ар тестови за граѓаните на Косово, Србија, БиХ и Црна Гора

Министерот за здравство, Венко Филипче преку својот фејсбук профил информира дека Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој е донесена одлука да достави предлог до Владата на Република Северна Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака, Комисијата ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

Вучиќ најави дека во Србија од петок до понеделник ќе има полициски час со цел да се намали ширењето на вирусот, но се уште ен се знае дали е за територија на цела држава или само за одделни градови.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ