четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаОгромен раст на бројот на заболени - Индија станува светски епицентар на...

Огромен раст на бројот на заболени – Индија станува светски епицентар на заразата со корона

Индија регистрирала 78.357 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на заболени е над 3,7 милиони, додека владата ги ублажува ограничувањата наметнати од пандемијата за помош на проблематичната економија. Индија, земја со 1,4 милијарди жители, брзо станува светски епицентар на коронавирусот.

Во последните три недели, Индија пријави најголем број на новозаразени на дневна основа, а со сегашното темпо најверојатно наскоро ќе биде пред Бразил и САД во однос на вкупниот број на заразени.

Министерството за здравство денес соопшти дека 1.045 лица починале од последиците на коронавирусот во изминатите 24 часа, што е вкупно 66.333 од избувнувањето на пандемијата. Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, Индија е трета земја во светот според бројот на смртни случаи.

Инфекциите брзо се шират од луѓето во големите градови на Индија во помалите градови и руралните области.

Индија во моментов прави 100.000 тестови на ден, но експертите велат дека тоа не е доволно, тоа е 32.000 на милион, што е помалку од она што се прави во САД, земјата со најмногу заразени.

Индискиот совет за медицински истражувања денес објави дека земјата спроведе скоро 44 милиони тестови за вирусот од почетокот на пандемијата. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ