понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотЖивотна срединаОхрид постави мобилни тоалети

Охрид постави мобилни тоалети

Охрид доби мобилни тоалети! По кампањата на Новинари за човекови права и Институтот за јавно здравје дека пристапот до вода и санитација е основно човеково право, Охрид конечно и еден од ретките во Македонија се обидува да им го обезбеди тоа право на граѓаните и многубројните туристи. Имено, прв пат оваа година долж кејот на Охрид поставени се  неколу мобилни тоалети. Она што е за поздравување е дека во ред има по два тоалети, сите се во функција и се бесплатни.

Само колку за потсетување Македонија има проблем во недостаток на јавни тоалети, а со самото тоа и во остварување на основното човеково права во пристап до вода и санитација. По добиените резултати од Бодовната картичка за пристап до вода и санитација, кое истражување го правеше Новинари за ччовекови права со експерти од Центрите за јавно здравје во Скопје, Велес и Куманово,  Македонија се искачи на листата на земји во кои нема јавни тоалети.

Но,кампањата потоа, полека но сигурно почнува да ги покажува првите ефекти.

„Во меѓувреме, во Скопје се адаптираа два од постоечките, и иако тоа е минимум, сепак претставницте на локалната самоуправа направија чекор напред и се надеваме дека наскоро ќе има повеќе„ – велат од Новинари  за човекови права и потенцираат дека се позитивно изненадени од одлуката на општина Охрид за поставување на мобилни тоалети во градот.

И додека градот има поставено тоалети долж кејот, се уште кафанџиите не им дозволуваат на многубројните туристи да користат тоалет доколку не ги користат нивните услуги.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ