среда, декември 18, 2024
домаСпортОстанати спортовиОлимпиското сребро во таеквондо за Дејан Георгиевски 

Олимпиското сребро во таеквондо за Дејан Георгиевски 

Македонскиот репрезентативец во таеквондо Дејан Георгиевски од Олимписките игри во Токио ќе донесе сребрен медал. Георгиевски против Русинот, Владимир Ларин, во финалето во категоријата преку 80 килограми, пружи сериозен отпор, но не успеа да дојде до златото. Првата рунда Русинот ја доби со предност од 2-0, втората рунда беше изедначена на 7-7, а во последната рунда Ларин поведе со 6-2 и со вкупни 15-9 стигна до златото.

Дејан Георгиевски со олимпиското сребро се запиша во македонската историја како најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри после Могамед Ибрагимов кој освои бронза во борење на Игрите во Сиднеј пред 21 година.

На патот до финалето Георгиевски ги победи Алба Кастиљо од Куба, Ин Дон од Кореја и Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ