вторник, декември 3, 2024
домаЖивотЖивотна срединаОН и СЗО заедно во заштита на здравјето од климатски промени на...

ОН и СЗО заедно во заштита на здравјето од климатски промени на COP23

Светската здравствена организација (СЗО) и Секретаријатот на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) денеска потпишаа нов Меморандум за разбирање за да ја обнови заедничката заложба на двете институции за справување со предизвиците во јавното здравје што произлегуваат од зголемувањето на температурите и за да им помогне на земјите да ја зголемат ефикасноста во справување со климатските промени.
Договорот се совпаѓа со тековната Конференција за климатски промени на ОН (COP23) во Бон, и потребата да се обезбеди земјите со слаба или несоодветна здравствена инфраструктура да добијат поддршка за заштита на здравјето на луѓето и создавање на отпорност на климатските услови за да одговорат на таквите закани.
Потпишувањето на овој меморандум за разбирање признава дека заштитата и унапредувањето на здравјето е суштински столб на одржливиот развој, кој бара најширока можна соработка од сите земји и други релевантни засегнати страни.
Патриција Еспиноза, извршен секретар на ОН за климатските промени, рече: “Среќна сум што нашите две институции ја развиваат соработката на повисоко ниво и повеќе насочено кон акција. На Договорот за климатски промени во Париз му треба поддршка од сите, ако сакаме сега и во иднина да обезбедиме здрав свет и здрави граѓани”.
“Многу луѓе ги преживуваат климатските промени преку влијание врз нивното здравје, од загадувањето на воздухот и топлотните бранови до контаминација на водата за пиење од екстремни временски настани – ако заедно и со многу партнери можеме да ги реализираме светските цели за климата, исто така можеме да ја одиграме нашата улога во обезбедувањето сериозно подобрување на здравјето за милијарди луѓе “, рече таа.
Д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), рече: “Климатските промени се една од најитните закани за јавното здравје на нашето време. Здравјето на идните генерации насекаде зависи одтоа сите да работиме заедно за да преземеме конкретни дејства денес”.
Соработката се одвива во време кога климатските промени претставуваат значителна закана за јавното здравје – екстремните временски настани и променливата клима влијаат на чистиот воздух, безбедната вода за пиење, безбедноста на храната и безбедното засолниште – и може да предизвикаат околу 250.000 дополнителни смртни случаи годишно, од топлотен удар, неисхранетост, дијареа и маларија, во периодот помеѓу 2030 и 2050 година.
Договорот ќе обезбеди здравјето да биде застапено во глобалната агенда за климатски промени, овозможувајќи им на двете институции да усвојат поинтегриран и меѓусекторски пристап за подобрување на глобалното здравје и да придонесат за спроведување на Парискиот договор.
Меморандумот за разбирање ќе обезбеди заедничка рамка за стратешка соработка помеѓу СЗО и Секретаријатот на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) за поддршка на градење на капацитетите, особено во земјите во развој и да им помогне на земјите да го намалат ризикот по здравјето од климатските промени преку:
-Обезбедување упатства за здравствените ризици од климатските промени и придобивките од политиките за ублажување;
-Подобрување на капацитетите на земјите за адресирање на здравјето во националните акциони планови за клима и националните планови за адаптација;
-Поддршка на интеграцијата на климатските ризици во поддршката на СЗО на здравствените политики и програми, вклучително и во еколошкото здравје, јакнењето на здравствениот систем и подготвеноста за катастрофи;
-Информирање на креаторите на климатски и здравствени политики, практичарите, граѓанското општество и пошироката јавност во комуникацијата и спречувањето на климатските ризици;
-Следење и известување за обемот и природата на инвестициите во заштитата на здравјето од климатски ризици, како и во развојот што промовира здравје, ги намалува емисиите на јаглерод и ја зголемува отпорноста на влијанијата од климатските промени;
-Мерење на напредокот што го прават земјите во заштитата на здравјето од климатските промени.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ