петок, декември 20, 2024
домаЖивотЖивотна срединаОН за климатските промени со клучни партнери за поддршка на COP23

ОН за климатските промени со клучни партнери за поддршка на COP23

ОН за климатските промени ги објавија новите клучни партнери за да ја поддржат својата работа на Конференцијата на ОН за климатските промени (COP23) во Бон, Германија во обид да се справат со климатските промени и да го спроведат Парискиот договор за климатски промени. Партнерите вклучуваат бизниси, невладини организации, медиуми и други институции. Сите тие ја покажаа својата посветеност на спроведувањето на Парискиот договор и ќе обезбедат поддршка за време на COP23.
Патриција Еспиноза, извршен секретар на ОН за климатски промени, рече: “Ние сме среќни што ги објавуваме овие меѓународно признати институции, невладини организации, бизниси и медиуми кои ја поддржуваат нашата работа на годишната конференција на ОН за клима во Бон со разновидна и важна поддршка”.
“Се надевам дека тие и многу други ќе нѐ поддржат во иднина додека светот се движи да го спроведе Парискиот договор и да го реализира мотото на COP23 оваа година – Подалеку, Побрзо, Заедно”, рече таа.

Специјален известувач од Бон за НЕА.

Некои од партнерите на COP23 се Deutsche Post DHL Group – кои обезбедија климатски неутрален транспорт на претседателството на Фиџи за еден од нивните историски чамци, друа, изложени на конференцијата, Ибердрола С.А. – кои се фокусираа на подигање на свеста за климатските промени и климатските решенија, со организирање за осумнаесет учесници на COP23да возат велосипед до конференцијата од Париз – целосно климатски неутрално, како и Телевизија за животна средина (Тве) – го поддржаа натпреварот “Global Youth Video“ на теми за климатска отпорност и пријателски градови, океани и климатски промени. Оваа година тие имаа 280 пријави од 96 земји од Авганистан до Зимбабве.

КПМГ ги поддржаа климатските разговори во çиво на ОН, платформа за социјални медиуми, која им овозможува на луѓето од целиот свет да го следат глобалниот разговор за COP23. Таа ги споредува и анализира твитовите за настанот, покажувајќи податоци во реално време на врвни твитерџии, клучните трендови во разговорите додека тие се случуваат, и продлабочена анализа. БНП Парибас пак, ја потврдија својата посветеност на COP23 и неодамна објавија дека се откажуваат од неконвенционални инвестиции во нафта и гас.

imageКлучни партнери на ОН за климатски промени ќе бидат дел од дискусијата околу климатските промени. Itaipú Binacional и Ethanol Europe Renewables Ltd. се само двајца учесници во панел настаните кои ќе се случуваат во текот на конференцијата. Медиумските партнери на ОН за климатски промени, кои ги вклучуваат Дојче Веле, Фајненшл тајмс, ЕФЕ Верде, ПОЛИТИКО и Иноватори, ќе помогнат да се допре глобална публика.

Другите партнери ќе ја претстават својата климатска акција во посветен партнерски простор во Павиљонот, каде што излоçбите може да се доживеат во разговор со партнерите и преку технолошки уреди како што се очила за виртуелна реалност. Фејсбук ќе биде домаќин на дел во павилјонот посветен на олеснување на интервјуата на “Фејсбук во живо” за да стигнат до повеќе луѓе на глобално ниво. Вокер институт за време на COP23, ќе обезбедат аватари, дозволувајќи им на граѓанското општество и студенти од Фиџи и африканските земји практично да ги искусат избраните придружни настани.

Меѓу партнерите на ОН за COP23 се и Climate Tracker – невладина организација која работи на глобално движење за климатските промени, и ги зајакнува младите новинари и комуникатори низ целиот свет за вистински да го обликуваат текот на националната дебата за климатските промени, Connect4Climate – Програма за глобално партнерство што ја започна Групацијата на Светската банка и италијанското Министерство за животна средина, придружувано од германското Сојузно министерство за економска соработка и развој, која се ангаçира околу климатските промени преку промовирање на решенија и зајакнување на луѓето да дејствуваат, Microsoft – американска мултинационална технолошка компанија која развива, произведува, лиценцира, поддржува и продава компјутерски софтвер, електроника, персонални компјутери и услуги, La Ruta del Clima – Невладина организација насочена кон поддршка на образованието и комуникацијата во врска со одржливоста и проблемите поврзани со климатските промени и многу други.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ