четврток, декември 19, 2024
домаТехнологијаКомпјутериОпасен СМС вирус краде податоци од андроид телефоните

Опасен СМС вирус краде податоци од андроид телефоните

Кога пред три години беше откриен, малициозниот софтвер наречен „FakeSpy“ беше претежно присутен во Јужна Кореја и Јапонија. Сега, сепак, овој малвер на андроид повторно се враќа во уште поопасно издание и напаѓа уреди во Европа.

„FakeSpy“ се шири преку лажни СМС-пораки, кои обично потекнуваат од локални поштенски услуги. Пораката тврди дека пратката не е доставена затоа што никој не бил дома, а потоа го поканува корисникот да инсталира нова апликација за пошта.

Ако корисникот наседне и ја инсталира апликацијата, таа може да преземе целосна контрола врз телефонот. Следи, чита и испраќа СМС-пораки, има пристап до сите контакти, внатрешна и надворешна меморија, но и апликации, дури и оние што треба да бидат заштитени, како банкарските.

„FakeSpy“ досега е забележан во некои европски земји како Франција, Германија и Велика Британија, но само прашање на време е пред да продолжи да се шири и на овие простори.

Советот до сите корисници на андроид телефони е да не одговараат и да не кликаат на линкови во СМС-пораки од непознати испраќачи и да не инсталираат апликации од интернет.

Апликациите претежно треба да се преземаат од „Play Store“, бидејќи безбедноста е на многу повисоко ниво. Ако добиете ваква или слична СМС порака, никогаш не ја отворајте и предупредете ги и другите! А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ