Како што пренесува ФОКУС од вкупниот број на заразени од Ковид 19 во Скопје, дури 390 заболени граѓани се од шест скопски општини и тоа 98 се од Аеродром, 70 од Карпош, 63 од Чаир, 41 од Сарај, 84 од Гази Баба и 34 од Бутел.
Само колку за потсетување министерот Филипче информираше дека според нивните анализи, семејните настани, собирањата по дома и непочитувањето на мерките се причина за зголемување на заразата. И вчерашната информација дека има седумина заболени од исто семејство во Аеродром говори во насока на потврдување на тоа дека семејните собирања и непочитувања на мерките влијаат на ширење на вирусот.
Владата денеска во 17 часот на владина седница ќе донесена одлука дали ќе биде прифатен предлогот на Комисијата за заразни болести за 58 часовен полициски час.
А.Н.