понеделник, март 17, 2025
домаОслободени повеќе од 300 деца киднапирани од Боко Харам во Нигерија

Ослободени повеќе од 300 деца киднапирани од Боко Харам во Нигерија

Повеќе од триста ученици киднапирани минатата недела од вооружени лица во северозападна Нигерија се ослободени, изјави гувернерот на државата Кацина, Амина Бело Масари, за нигериската државна телевизија НТА.

Повеќе од 800 ученици биле во средното владино научно училиште во Канкара, кога на 11 декември било нападнато од вооружени мажи. Стотици избегале и се веруваше дека над 330 ученици се во заробеништво, објави АП.

“Во моментов, 344 студенти се ослободени и предадени на безбедносните оперативци. Мислам дека можеме да кажеме дека ги вративме повеќето момчиња, ако не и сите”, рече Масари.

Веста за ослободувањето дојде кратко време по објавувањето на видеото на џихадистичките бунтовници Боко Харам, во кое се наводно прикажани киднапираните момчиња. Боко Харам ја презеде одговорноста за киднапирањето.

Она што се случи во Качина беше направено за да се промовира исламот и да се обесхрабрат неисламските практики, бидејќи западното образование не е вид на образование дозволено од Алах и неговиот свет пророк, рече лидерот на Боко Харам, Абубакар Шекау, пренесуваат нигериските медиуми. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ