петок, ноември 15, 2024
домаСпортОстанати спортовиОтфрлен допинг случајот против четирикратниот победник на Тур де Франс Крис Фром

Отфрлен допинг случајот против четирикратниот победник на Тур де Франс Крис Фром

Меѓународната велосипедска федерација (UCI) го отфрли антидопинг случајот на Крис Фром (33), јавија британските медиуми. Четирикратниот освојувач на Тур де Франс беше под истрага, откако во урината му беше пронајдено премногу високо ниво на салбутамол, лек што се користи за астма. Светската анти-допинг агенција, која тесно соработува со UCI, прифати дека нема кршење на законот и препорача случајот да биде отфрлен.

Британецот рече дека е „задоволен“ по завршувањето на случајот.

„Беа емотивни девет месеци, и им се заблагодарувам на сите што ме поддржуваа и постојано ми веруваа. Мислев дека никогаш нема да го обесчестам победничкиот дрес и дека резултатот ќе ми биде тест на времето. Никогаш не сум се сомневал дека овој случај ќе биде отфрлен од едноставна причина, а тоа е дека јас не направив ништо лошо“, рече Фром.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ