Оздравени се 126 пациенти во изминатото деноноќие, и тоа во Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72, информира министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово -8, Прилеп -2, Струга -2, Велес -2, Гостивар-1, Виница -1. Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386.
Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.
На инфективната клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кислородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика се 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7.
Во Болницата во Битола се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилна. А.Р.