среда, ноември 20, 2024
домаЖивотПандемијата ја исчисти земјата, да ја чуваме за да ја имаме!!!

Пандемијата ја исчисти земјата, да ја чуваме за да ја имаме!!!

Во услови на забрани за патувања, повици за самоизолација и ограничувања на движење ширум светот, бидејќи вирусната пандемија продолжува да се шири, и покрај сите лоши вести, истражувачите откриваат дека оваа пандемија може да создаде позитивни ефекти врз животната средина.

Нивото на загаденост на воздухот во некои градови и региони значително се намали, според Индипендент. Според ББС, истражувачите во Њујорк заклучиле од раните студии дека нивото на јаглерод моноксид, што главно го прават автомобилите, нагло опадна за скоро 50 проценти од 2019 година.

Емисијата на CO2, што придонесува за климатските промени со затоплување на планетата, исто така бележи пад во последните денови. Значително е намалувањето како резултат на ограничување на индустријата и помалку сообраќај.

Според компанијата за мониторинг на податоци TomTom, нивото на загадување во сообраќајот се намалило за 13,5 проценти меѓу 9 и 13 март во однос на истата недела во 2019 година. Измерено во време на голем сообраќаен метеж, загадувањето е намалено за повеќе од 26 проценти.

Истражувачите од универзитетот Колумбија откриле дека емисијата на јаглерод моноксид паднала околу 50 проценти во текот на неколку дена оваа недела и откриле намалување од 5 до 10 проценти на СО2 во Њујорк. Наодите може да бидат прелиминарни, но тие се слични на влијанието врз животната средина, забележано во Кина и Италија, каде прекинот со работа трае со недели.

Според Европската вселенска агенција, сателитот „Коперникус Сентинел-5П“ открил намалување на загадувањето на воздухот во Италија, особено емисиите на азотниот диоксид (NO2).

– Иако може да има мали варијации во податоците како резултат на покритието на облакот и променливото време, ние сме многу убедени дека намалувањата на емисиите што ги гледаме се совпаѓаат со карантинот во Италија предизвикувајќи помалку сообраќај и индустриски активности – рече Клод Зехнер, менаџер на сателитската мисија.

Во Кина, истражувачите откриле намалување на производството од 15 до 40 проценти во клучните индустриски сектори, вклучително и јаглен, рафинерија за нафта и авијација.

Ова треба да биде опомена како ќе треба д жа се однесуваме и по завршување на кризата предизвикана од ширењето на корона вирусот! И докажува дека се зависи од нас.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ