Нискотарифниот превозник Pegasus Airlines привремено ќе ги прекине летовите од Анталија кон Скопје, но и кон Приштина и Сараево, до март. Овие линии, кои првично требаше да се одржуваат два пати неделно во текот на февруари, ќе бидат паузирани како дел од ажурираниот распоред на авиокомпанијата.
Последниот лет од Анталија кон Скопје ќе се одржи на 28 јануари, а услугите ќе продолжат на 1 март.
Според последното ажурирање на распоредот на Pegasus Airlines, компанијата укина вкупно 38 неделни полетувања од Анталија за различни дестинации од средината на јануари до март, објави EX-Yu Aviation.