Музичката ѕвезда и нејзиниот 3-годишен син имаат симптоми на вирусот корона: „Јас сум позитивна. Луѓе, вирусот ги напаѓа и младите и старите“
Пејачката Пинк објави дека се опоравува откако беше тестирана позитивна за вирусот корона. Американската музичка ѕвезда Пинк (40) им порача на фановите дека е срушена од ковид-19 и ги замоли сите да останат дома. Победничката на Греми се бори против вирусот веќе две недели, додавајќи дека ќе донира 1 милион американски долари на научни истражувања за да се најде вакцината што е можно поскоро
Пејачката рече дека таа и нејзиниот 3-годишен син Џејмсон имаат симптоми на КОВИД-19 и дека е позитивна. Таа на Твитер напиша дека повторно биле тестирани и дека се за среќа негативни. Пинк изрази незадоволство од фактот дека властите во Америка не работат на масовно тестирање за да го спречат ширењето на вирусот.
„Луѓето треба да знаат дека вирусот ги напаѓа и младите и старите, богатите и сиромашните, здравите и болните, а тестирањето мора да биде бесплатно и достапно за секого за да ги заштити нашите деца, семејства, пријатели и заедница“, заклучи Пинк.