Од 1 јануари 2020 година, пластичните стапчиња за чистење уши, исклучително опасен за животната средина, но и за здравјето на потрошувачите, конечно се исфрли од полиците на француските продавници! Пластичните стапчиња за чистење уши се користат во незамисливо големи количини и честопати се сметаат за најголеми и најопасни извори на загадување на животната средина. Затоа, многу еколошки свесни француски потрошувачи „навиваа“ за нивна забрана. Поточно, се проценува дека неверојатна сума од околу 1,2 милиони тони годишно завршуваат во канализација, но и на бреговите и во морињата низ светот од овој опасен отпад. Благодарение на спроведувањето на законот донесен од француското национално собрание на 20 јули 2016 година, француските купувачи веќе нема да можат да го купат овој производ, бидејќи веќе од 1 јануари 2020 година, само чист памук ќе се продава на полиците во француските продавници. Самите лекари веќе долго време предупредуваат дека овој производ за чистење на ушите е всушност многу штетен за здравјето на луѓето, а нивната употреба се препорачува само за чистење на надворешноста на увото. Но, несоодветното користењето го загрозува нивното здравје и ризикува да се повредат во ушните канали. Исто така, стапчето отстранува само дел од восокот од увото, додека остатокот го турка уште подлабоко во увото, каде што се гради и станува погуст.
Од гледна точка на животната средина, пластичните стапчиња за чистење на ушите се причина за голем еколошки проблем бидејќи многу потрошувачи неодговорно ги фрлаат во тоалетите по употреба. На тој начин стапчињата стигнуваат до канализацијата, но и во морињата и реките. Поради ова, овие производи се кошмар за компаниите за третман на отпадни води, бидејќи многу тешко се отстрануваат кога ќе стигнат до мрежите на пречистителната станица за отпадни води.
Француските производители имаа четири години да се подготват за спроведување на новиот закон и да понудат стапчиња изработени целосно од памук, но и алтернативни производи кои се безбедни за здравјето на луѓето. Во своето видео, францускиот весник Ле Паризиен дава преглед на алтернативните производи кои можат да се користат за чистење на ушите, но на начин што не ја загрозува животната средина. Само колку за потсетување и некои големи компании за козметика во Велика Британија се решија да ги отстарнат овие производи од полиците на нивните продавници, но Шкотска е прва во Велика Британија што воведе забрана за нивното производство и продажба. Исто така, во согласност со напорите да се намали употребата на пластични производи за еднократна употреба, Италија, исто така се збогуваа со пластичните стапчиња за чистење уши од 1 јануари 2019 година. Хрватската влада сè уште се двоуми дали трајно да го забрани ова и другите штетни пластични производи! Кај нас, пак, оваа тема се уште не е отворена и речиси никој не говори што ќе правиме со пластичните производи за една употреба кои еден по еден се забрануваат во земјите не ЕУ.
Претставници на НВО – Новинари за човекови права кои бараат забрана на производите за менструална хигиена и на пелените за една употреба и нивна замена со алтернативни производи, апелира до граѓаните да престанат да ги користат пластичните стапчиња за чистење ушни и сите заедно да направиме нешто добро за заштита на животната средина и вашето здравје.