понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотЖивотна срединаНеделно, по тројца активисти за чиста животна средина се убиваат

Неделно, по тројца активисти за чиста животна средина се убиваат

Насилството врз активистите за животна средина, во вода и на копно е зголемен проблем низ целиот свет. Според невладината организација Глобал сведок во 2018 година документирано се регистрирани најмалку 164 убиства. За време на Светската недела на водата, што од 25-30 Август се одржува во Стокхолм, SIWI (Шведскиот меѓународен институте за вода) ја повика меѓународната заедница да ги засили напорите за борба против овој опасен тренд.

 

Од нашиот специјален известувач од

„Светската недела за вода“,Стокхолм:

Наташа Доковска

Замислете дека сте насилно нападнати или убиени за да ги заштитите водните ресурси, животната средина или земјиштето на кое се гради вашата заедница. Ова е реалност за поголем број активисти за заштита на животната средина и правата на земјиштето низ целиот свет,

Извештајот на организацијата „Глобален сведок“ насловен  „Непријатели на државата“ евидентира 164 убиства на активисти за заштита на животната средина и земјата во 2018 година, што е во просек приближно три неделно. Латинска Америка е рангирана како најопасното место за активисти за животна средина, при што над половина од сите убиства се случуваат таму.

Многу од конфликтите се поврзани со пристап до вода. Бројот на убиства извршени против активисти кои се борат да ги заштитат своите водни ресурси, забележува тројно зголемување, од четири во 2017 година на 17 во 2018 година. Голем дел од убиствата и нападите беа поврзани со рударството со вкупно убиени 43 активисти, некои од нив како резултат на нивниот став за загадување на водата. Слично на тоа, многу од протестите против агро-бизнисот се вртеа околу проблемите со загадувањето и недостигот на вода.

„Ние од водната заедница мора остро да го осудиме насилството врз мировните активисти“, рече Торни Холмгрен, извршен директор на SIWI.

Постојаниот бран на насилство се чини дека е воден од повеќе фактори, но се чини дека го означува почетокот на сè поопасната ера за бранителите на животната средина. Со климатската криза, брзото исцрпување на шумите, деградација на еко-системите и невиден раст на населението, постои реален ризик насилството врз активистите за животна средина да се зголеми бидејќи побарувачката за ограничени ресурси станува уште поголема.

Многу напади и убиства се случуваат во земји без слобода на печатот, каде владите и невладините организации немаат точни или соодветни системи за набудување и се појавуваат конфликти, убиства и напади во отсуство на функционални влади и судии. Ситуацијата е влошена и до вознемирувачкиот тренд низ целиот свет со тоа што повеќе авторитарни влади користат реторика против демонстрантите за животна средина, па дури и ги нарекуваат терористи.

„Постои зголемено препознавање на силните врски помеѓу човековите права и здравото опкружување. Она што е особено алармантно е дека сиромашните и домородните групи, кои најчесто се погодени од климатските промени и деградацијата на животната средина, се со посебен ризик да бидат вознемирени кога се обидуваат да ги заштитат своите земјиште и водни ресурси преку мирни средства “, вели Торги Холмгрен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ