четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаПоддршка за приватниот сектор, минимална плата за државните функционери - втор сет...

Поддршка за приватниот сектор, минимална плата за државните функционери – втор сет економски мерки

Втор сет економски мерки презентираше на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски, најавувајќи дека со него ќе се овозможи поддршка на вработените во приватниот сектор со минимална плата од 14.500 денари која ќе ја покрие државата. Толкава ќе биде платата и на сите државни функционери со цел да се даде пример за соладаризирање во моментите на кризата со КОВИД-19, а јавната администрација не е вклучена во овој сет мерки.

Спасовски објасни дека економските мерки се донесени по широка консултација и суштинска дебата со членови на Економскиот совет и деловната заедница, стопанските комори, угледни и успешни стопанственици. За спроведување на сетот мерки ќе бидат потребни 200 милиони евра, а во нив нема никој што е изземен, но приоритет во зачувањето на работните места се микро и малите претпријатија, занаетчии, трговци поединци, пекари, фризери…

Првата од сетот 17 мерки кои ги презентираше премиерот Спасовски се однесува на финансиска поддршка за правните субјекти од приватниот сектор погодени од исплатата на плати на работниците за април и мај кај кои ќе бидат субвенционирани плати во висина од 14.500 денари по работник. Финансиската поддршка не се однесува на оние кои примиле нето плата повисока од 39.000 денари. Компанијата треба да го задржи истиот број на вработени до септември 2020. Оваа мерка ги опфаќа и медиумските правни субјекти. Ќе важи како паралелна мерка и субвенционирање на придонесите, зависно која од мерките ќе ја избере работодавецот.

Втората мерка се однесува на спортистите за кои ќе биде обезбедена плата од 14.500 денари за април и мај, која како трета мерка е предвидена и за 141 самостоен уметник во земјава.

Како четврта мерка е предвидена месечна плата за граѓаните што останале без работа во висина од 50 проценти од месечната нето плата за последните 6 месеци, а оние што останале без работа во кризата ќе ја добивааат 24 месеци преку бирото за вработување.

Како петта мерка премиерот најави дека сите избрани и менувани функционери во овој период ќе добиваат минимална плата од 14.500 денари.

Шестата мерка се однесува на  претседателите на советите, на надзорните и управните одбори од извршната и локалната власт, членови на комисии нема да земаат надоместок додека трае кризата, ако се вработени на друго место.

Седма мерка е овозможување надомест од 7.000 денари за лица кои се дел од неформалната економија како и брз влез во системот за социјална заштита.

Осма мерка која ќе се спроведе е запирање на законот за извршување до крај на јуни, 2020 година, со исклучок на алиментација за дете на самохран родител.

Деветтата мерка е одложување на кредитите на банките во рок од шест месеци.

Десеттата мерка е намалување на ратата и репрограмирање на кредити кај финансиските друштва, намалување на рати во слдните три месеци и одложување најмалку 90 дена кај физички лица. Нови договори за кредити да се одобрувааат со 3 месеци грејс период, а законската затезна камата се намалува на 31 процент.

Единаесетата мерка се однесува на одлагање на плаќање закуп на корисници за плаќањето на социјалните станови, а за фирмите ќе се донесе посебна одлука за плаќањето на кириите.

Мерка 12 предвидува дополнителни 8 милиони евра за бескаматни кредити за микро, мали и средни претпријатија од Развојната банка. Максималниот износ на кредит нема да биде поголем од 90.000 евра, а минималниот износ не смее да е помал од 3.000 евра. Рок на отплатата е до 3 години и грејс период од 12 месеци.

Мерка 13 се однесува на нови 50 милиони евра од Развојната банка кои ќе бидат пласирани преку комерцијалните банки како поволни кредити за мали и средни претпријатија, свеж капитал за нови проекти, нови вработувања, извоз, нови вработувања..

Со мерка 14 се забранува отворање на стечајна постапка за време на кризата и шест месеци после тоа.

Мерка 15 предвидува  задолжително користење на прв дел од годишен одмор или остаток од стариот одмор до 31мај 2020.

Мерка 16 предвидува формирање на солидарен Ковид 19 фонд, со жиро сметка во Влада на која фирми може да праќаат помош за кризата предизвикана од коронавирусот.

Мерка 17 предвидува намалување на авторските хонорари од државните институции за 50 отсто на оние кои се вработени. Нема да се применува ако лицето е неврабоено и авторскиот договор му е единствен приход. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ