Британскиот возач од Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои „пол-позицијата“ пред трката за ГН на Унгарија во Формула 1. Актуелниот светски шампион доминираше на тренинзите на патеката „Хунгароринг“, пред неговиот клупски колега финецот Валтери Ботас.
Возачите на екипата на Рејсинг Поинт, Ленс Строл и Серхио Перез, кои го зазедоа третото и четвртото место, подготвија големо изненадување.
Зад нив, од третиот ред, ќе стартуваат возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер, а Топ 10 ќе ги комплетираат Макс Ферстапен од Ред Бул, двоецот на Мекларен, Ландо Норис и Карлос Саинс и Пјер Гасли од Алфа Таури.
Трката за ГН на Унгарија, трета во сезоната, ќе се вози утре во 15:10 часот. А.Р.