сабота, декември 21, 2024
домаНасловнаПолицијата приведе маж кој вооружен влезе во болница во Загреб

Полицијата приведе маж кој вооружен влезе во болница во Загреб

Маж со оружје денеска влегол во загрепската болница на Ребро, а полицијата која излегла на лице место по преговарањето го привела, пренесува „Јутарњи лист“.
На објавените фотографии се гледа како полицијата го носи човекот кој се заканува, а пациентите се враќаат во зградата на болницата.

Претходно, помошник-директорот на КБЦ Загреб Ребро Миливој Новак за „Дневник.хр“ изјави дека се се случило во Зелената зграда на болницата и дека нема повредени.
Загрепската полиција денеска во 10:05 часот добила дојава за драмата во КБЦ Загреб, пишува „Јутарњи лист“.

Од болницата побарале интервенција поради вооружен маж кој влегол во зградата. Читател на хрватскиот портал „24сата“ пријавил во редакцијата дека болницата и теренот се преполни со полиција.

„Во зелената зграда влегол маж со пиштол“, вели читателот на споменатиот портал.
Како што дознава „Јутарњи“, лекарите и останатиот персонал биле затворени во ординациите со пациентите.

Анонимна пациентка за РТЛ изјавила дека била на преглед во зелената зграда и дека влегле двајца полицајци, од кои едниот носел голема пушка.

„Кога излегов пред влезот, еден од вработените во болницата ни кажа дека мораме да одиме кон роторот, дека не можеме да поминеме низ кругот на болницата. Кога се свртев, се беше полно на полицијата“, изјави таа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ